Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар Адеми: Северна Македонија ја зајакнува конкурентноста и поддршката за малите и средните претпријатија

Државниот секретар Адеми: Северна Македонија ја зајакнува конкурентноста и поддршката за малите и средните претпријатија

Државниот секретар во Министерството за економија и труд, Јумни Адеми, се обрати на промоцијата на извештајот на ОЕЦДИндекс на политики за МСП за Западен Балкан и Турција – економски профил за Северна Македонија“, која се одржа во Скопје. 

Во своето обраќање, Адеми истакна дека извештајот претставува значајна алатка за оценување на напредокот на земјата во креирањето политики за поддршка на малите и средните претпријатија (МСП), како и важен патоказ за идните реформски процеси. 

„Малите и средните претпријатија се столбот на нашата економија. Тие создаваат најголем дел од работните места, придонесуваат за економскиот раст и се клучен извор на иновации и претприемништво. Затоа нивниот развој останува еден од нашите највисоки приоритети“, истакна Адеми. 

Тој посочи дека Северна Македонија продолжува да ги усогласува политиките за МСП со европските стандарди преку спроведување на Националната стратегија за МСП 2025–2030, која се фокусира на зајакнување на конкурентноста, подобрување на пристапот до финансии и забрзување на зелената и дигиталната транзиција. 

Државниот секретар додаде дека Владата и Министерството за економија и труд активно работат на подобрување на деловната клима преку намалување на административните бариери, поедноставување на процедурите и олеснување на пристапот на компаниите до финансиски средства и нови пазари. 

Индексот на политики за МСП не го гледаме само како инструмент за мерење на резултатите, туку како стратешка мапа за идните реформи. Неговите препораки ни помагаат да ги дефинираме приоритетите, да ја зајакнеме институционалната координација и да создадеме подобри услови за развој на домашните компании“, истакна Адеми. 

Тој додаде дека позитивните оценки во последните меѓународни извештаи, вклучително и Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, потврдуваат дека реформите во областа на поддршката на МСП, иновациите, дигитализацијата и пристапот до финансии даваат конкретни резултати. 

На крајот од своето обраќање, Адеми ја потврди посветеноста на Министерството за економија и труд за понатамошно унапредување на политиките за МСП и градење конкурентна, иновативна и отпорна економија, во која малите и средните претпријатија ќе останат главен двигател на растот, вработувањето и развојот.

 

Мени за пристапност