Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „првиот ден на Божик“, 25 декември (четврток), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот „првиот ден на Божик“ на припадниците на католичката верисповед во Република Северна Македонија.