Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за неработен ден

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Божик, првиот ден на Божик според православниот календар“, 7 јануари (среда) 2026 година е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.

 

Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија коишто го чествуваат и го слават празникот Божик, според православниот календар.

Мени за пристапност