Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за неработен ден

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Бадник, ден пред Божик“, 6 јануари (вторник) 2026 година е неработен ден за припадниците на православна вероисповед во Република Северна Македонија.

 

Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците на православна вероисповед во Република Северна Македонија.

 

 

 

Мени за пристапност