Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Велигден, вториот ден на Велигден“, 6 април (понеделник) 2026 година, е неработен ден за припадниците од католичката вероисповед на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија.