Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур“, 21 септември (понеделник) 2026 година е неработен ден за припадниците на еврејска заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија.