Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „ Ден на народното востание “, 11 октомври (сабота), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита „Денот на народното востание “.