Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Свети Сава“, 27 јануари (вторник) 2026 година е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.