Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Курбан Бајрам“, 27 мај (среда) 2026 година, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија.