Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Ден на настава на турски јазик“, 21 декември (недела) 2025 година е неработен ден за припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот на припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.