Соопштение за остварената средба на државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ со економскиот советник во Амбасадата на НР Кина во Скопје, г-динHe Binghua

03.06.2021 14:01:12

На средбата се разговараше за можните форми на соработка за поддршка на економиите на двете земји.

Согледувајќи ги следните активности што претстојат, двајцата согoворници потенцираа дека е плодотворно во октомври 2021 година, да се одржи Осмата седница на Мешовитата комисија по Договорот за трговска и економска соработка. Теми на разговор на седницата се предлагаат: најновата состојба со поволностите за инвестирање; соработката во земјоделскиот сектор (поддршка за извоз од РСМ на земјоделско-прехранбени производи); инфраструктурни проекти во транспортот и енергетиката; реформите во Светската трговска организација.

Се побара од Министерството за економија да учествува на претстојната ЕХПО церемонија и Меѓународниот саем за потрошувачки добра, што ќе се одржи на 8 јуни 2021 година

Билатералната трговска размена од 763 милиони САД долариво 2020 година и 199.5 милиони САД долари во првите три месеци на 2021 година, ја позиционира НРКина на4 место по ред со кој Република Северна Македонија остварува најголем обем на размена со светот во 2020и на 5-то место во првите три месеци 2021 година.