Бектеши: Свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот

29.06.2021 14:41:07

Скопје, 29.06.2021 година   На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.