Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи

Министерство за економија и труд Министерство за економија и труд

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните.

Во однос на поединечните категории:

-кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло;

-кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%;

-кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот;

-кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.

Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените.

Мени за пристапност