Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Бесар Дурмиши во Вашинготон учествуваше на состаноци во рамки на Стратешкиот дијалог со САД

Министерот Бесар Дурмиши во Вашинготон  учествуваше на состаноци во рамки на Стратешкиот дијалог со САД

Министерството за економија и труд информира дека во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, во Вашингтон се одржа состанок посветен на економија, трговија, енергетика дигитализации и инвестиции во земјава.

На сесијата учествуваше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и претставникот од кабинетот на премиерот Орхан Муртезани,  директорот на НОМАГАС, Недим Рама, како и амбасадорот Зоран Попов.

Од американска страна учествуваа Даниел Џ. Лоутон, заменик помошник државен секретар за Западна и Централна Европа и Јужна Европа, Жан Хеулант од Министерството за енергетика на САД, Ребека Неф од Економското биро, како и Сара Велс, нотеткер на сесијата.

Во рамки на работниот ручек беа разгледани можностите за продлабочување на економската соработка, унапредување на трговските односи и зајакнување на енергетската сигурност. Посебен акцент беше ставен на привлекување инвестиции, диверзификација на енергетските извори и справување со актуелните глобални економски и енергетски предизвици.

Состанокот претставува значаен дел од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји и потврда на заедничката заложба за унапредување на билатералните економски односи и одржлив економски развој.

Министерството за економија и труд останува посветено на креирање политики кои ќе придонесат за економски раст, стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Мени за пристапност