Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за економија и труд ја одржа првата работилница за Оперативниот план за вработување 2026

Министерството за економија и труд ја одржа првата работилница за Оперативниот план за вработување 2026

Министерството за економија и труд, во улога на координатор на мерките за вработување, во партнерство со Владата, Агенцијата за вработување, Министерството за образование и наука, ИНОВА и Програмата за развој на Обединетите нации, ја организира првата консултативна работилница за дизајнирање и планирање на новиот Оперативен план на активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. 

На работилницата се одржа динамична дискусија и презентација на актуелните мерки, како и нови предлози за работно активирање на невработените лица на домашниот пазар на труд. Посебен фокус беше ставен на активирање  на младите на пазарот на трудот, со цел нивно задржување во државата преку атрактивни механизми за отворање сопствен бизнис, можности за обуки и (ре/до)квалификација преку Регионалните центри за стручна обука и образование, како и практиканство. 

Работилницата исто така ја истакна поддршката за зелена трансформација кај малите и средни претпријатија преку воведување зелени инвестиции и нови работни места, како и создавање одржливи и квалитетни работни позиции. 

Сите партнери остануваат посветени на заедничката цел за градење инклузивен, динамичен и одржлив пазар на труд, кој ќе овозможи подобри можности за вработување, поддршка за ранливите групи и стимулирање на економскиот раст. 

Оваа работилница претставува важен чекор кон креирање ефективни политики и мерки кои ќе придонесат за поуспешна интеграција на работната сила и зголемена конкурентност на националната економија во 2026 година.

Мени за пристапност