Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Младите добиваат практично искуство: Министерството за економија и труд ги отвори вратите за учениците од стручните училишта

Министерство за економија и труд Министерство за економија и труд

Министерството за економија и труд, во насока на унапредување на соработката меѓу образовните институции и јавниот сектор, согласно со Законот за стручно образование и обука, потпиша меморандуми за соработка со средните стручни училишта „Цветан Димов“ и „Арсениј Јовков“. Со оваа соработка се отвораат нови можности за практична примена на знаењето кај младите, како дел од нивната професионална подготовка.

Практичната настава за учениците од СУГС „Цветан Димов“ започна на 4 ноември 2025 година и се реализира во просториите на Министерството за економија и труд, по четири часа дневно, според утврден распоред по сектори.Во процесот се вклучени сектори како финансии, сметководство, индустриски политики и инвестиции, каде учениците ќе имаат можност да стекнат практични знаења и вештини под менторство на искусни службеници.

Министерството обезбедува соодветни услови за реализација на наставата – работни места, материјали и стручен надзор – со цел практичната обука да придонесе за подобра подготвеност на младите за вклучување на пазарот на труд.

Овој проект претставува значаен чекор кон поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на труд, поттикнувајќи ја професионалноста и одговорноста кај младите луѓе. Министерството обезбедува соодветни услови за работа – простории, материјали и менторска поддршка – со цел учениците да добијат квалитетна и применлива практична обука.

Со овој модел на соработка, Министерството за економија и труд ја потврдува својата заложба за инвестирање во младите кадри, создавање на обучени и компетентни идни професионалци, кои ќе придонесат кон развој на економијата и општеството во целина.

Распоредот на учениците и менторите е доставен до сите вклучени страни, а за понатамошните активности и координација менторите ќе бидат навремено известени.

Мени за пристапност