Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Ристески оствари средба со Заменикот амбасадор на Германија Јан Аксел Вос

Заменик-министерот Ристески оствари средба со Заменикот амбасадор на Германија Јан Аксел Вос

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари средба со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Н.Е. Јан Аксел Вос, каде дискутираа на повеќе теми, како што се економската соработка, инвестициите и процесите поврзани со европската интеграции на Република Македонија.

 

 

Заменик-министерот Ристески искажа голема благодарност за континуираната поддршка која Германија ја дава на Република Македонија и сите држави од Западен Балкан во процесот на европската интеграција, што придонесува за поголема стабилност и економски развој на регионот.

 

Соговорниците констатираа дека економската соработка е на високо ниво, Германија е наш најголем трговски партнер кој има учество од околу 24% во вкупната трговска размена на нашата земја, а во периодот од јануари до септември 2025 година вкупниот обем на размената е над три милијарди евра, од кои 2,2 милијарди се извоз, а над 848 милиони евра изнесува увозот.

 

Ристески потенцираше дека министерството за економија и труд и Владата остануваат посветени на спроведување на реформите и подобрување на економската клима и можностите за поголемо инвестирање во нашата држава.

Мени за пристапност