Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик-министерот Ристески се обрати на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Заменик-министерот Ристески се обрати на конференцијата „Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 - Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“. 

Конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“. 

„Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од Унгарскиот кредит, предвидените средтсва од програмите на министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Закон за финансиска поддршка на инвестициите“ – кажа заменик-министерот Ристески. 

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имаа и амбасадорот на Австрија Н.Е. Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија Антје Ванделт, Извршниот директор на Скопски Саем Даниела Глигоровска, Претседателката на Асоцијацијата на метална и електро индустрија Марта Наумовска Грнарова, како и Деканот на ФИНКИ Петре Ламески.

 

 

 

Мени за пристапност