|
За да поставите прашање кликнете овде |
|
|
ИЗВЕСТУВАЊЕ за терминот за полагање на теоретскиот дел на стручниот испит за вршење на работите во постапката за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото 02.07.2010
Министерството за економија согласно член 20 став 3 од Правилникот за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото („Службен весник на Република Македонија“ бр.131/2009 и 16/2010), ги известува пријавените кандидати за полагањето на теоретскиот дел на стручниот испит за вршење на работите во постапката за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, дека ќе се одржи на 08.07.2010 година во 12,30 часот во просториите на новата зграда (први кат К2-6) на Машинскиот факултет – Скопје.
Пријавување за полагање на стручниот испит за вршење на работите во постапката за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото, се врши со поднесување на пријава до архивата на Министерството за економија најдоцна седум дена пред денот на одржување на испитот, согласно ќлен 20 став (1) од Правилникот за идентификација и за идентификација и оцена на техничката состојба на возилото.
Министерство за економија Сектор за внатрешен пазар Комисија за полагање на стручен испит
|
|
|
|
|
|